Шеќеринска во посета на Здружението на пензионери од Битола

Јуни 19, 2020

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска , која е и носител на пратеничката листа на СДСМ во петтата изборна единица за престојните парламентарни избори, заедно со кандидатите на листата Бисера Костадиновска Стојчевска, Горан Козаров и Петар Николовски го посетија Здружението на пензионери во Битола.

Од страна на на претседателот на Извршниот одбор Томе Димитровски на состанокот беше информирано за мерките што се преземаат за заштита и помош на членовите на Здружението на пензионери во услови на пандемија со коронавирус во севтот  и доделувањето на донации во хуманитарни цели. Заменичката на Владата Шеќеринска пред членовите на Извршниот одбор на Здружението на пензионери во Битола изнесе дека Владата расправала за донесување мерки за доделување на средства на највозрасните граѓани на нашата земја.

Радмила Шеќеринска во разговорот со пензионерите се интересираше за нивната здравствена и социјална положба ветувајќи наскоро изнесување на кокретни мерки за нивно подобрување.55

99

111

seker 5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани