АД ЕСМ подружница ,,Енергетика” почна со парно греење

Октомври 15, 2020

 

На почетокот на грејната сезона, 15 октомври, АД ЕСМ, подружница ,,Енергетика” почна со испорака на топлинска енергија за корисниците кои се снабдуваат со греење преку топловодниот систем на Енергетика, а тоа се скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Парно греење добија 3700 домаќинства, детски градинки, основни и средни училишта и деловни субјекти.

,,Во ,,Енергетика” се бележи зголемен интерес за нови приклучувања на системот на парно греење, како од индивидуални куќи, така и од новоизградени станбени згради во овие населби. Имаме  поднесени барања за нови приклучоци кои во моментов се во фаза на реализација, бидејќи истите беа поднесни во втората половина на септемви и првата половина на октомври, така што бројката на корисници дополнително ќе се зголемува”-изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски при денешната посета на ,,Енергетика” и увидот во работите за старт на грејната сезона.

Во однос на проширувањето и реконструкцијата на нашата топловодна мрежа,  во завршна фаза е изработката на проектите, а реализацијата е планирана за наредната година. Со оваа инвестиција ќе се обезбедат нови приклучоци и греење за пошироко подрачје во населбите Железара и Хиподром, како и поквалитетно греење за постоечките корисници.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани