Поради обилните врнежи на снег во нашата држава, во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ под раководство на градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска, вработените во ЈКП "Пела Хигиена” со механизација веднаш пристапија кон расчистување на сите пристапни патиштата низ сите села во општината, како и главните улици во населените места.

Општината пристапи кон чистење на регионалниот патен правец Битола - Могила - Лознани - Ивањевци - Трновци, регионалниот правец Дедебалци - Ношпал, како и регионалниот правец Могила - Радобор - Будаково.

-Екипите на ЈКП “Пела Хигиена” - Могила во текот на вчерашниот ден и ноќта се покажаа на ниво на задачата. Во Општина Могила беа исчистени регионалните патишта како и локалните патишта во населените места, со што се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот и пристап до домовите на сите жители. Вчерашните обилни врнежи на снег на некои места достигнаа и до 50цм, вели Гулевска.

Локалната самоуправа ги информира граѓаните дека ќе биде обезбеден пристап до секој дом, а исто така ќе бидат исчистени и сите критични точки во населените места.

сдв

сдб3

сдб1

Страница 1 од 10

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани