АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ОО на СДСМ Могила заедно со кризниот штаб на Општина Могила доделија социјални пакети со прехранбени производи и хемиски средства на жителите на општината кои се во незавидна ситуација погодени од економско-здравствената криза со вирусот КОВИД-19.
Во оваа хумана акција учествуваа голем дел од членството, раководството на општинската организација, како и градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.
-На овој начин уште еднаш се докажува и покажува на дело бескрајната солидарност и емпатија кои се главни карактеристики на СДСМ, вели Гулевска.