АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамките на тековните активности на подружницата Битолско поле на АД Водостопанство-Битола, се изврши чистење на одводен канал во село Могила, со цел заштита на земјоделските парцели од поплави.
Изминатите години АД Водостопанство-Битола во Општина Могила има исчистено речна и каналска мрежа во должина од 50.000 метри. Во 2016 година се исчисти реката Шемница во должина од 1.300 метри. Во 2017 година, беше исчистена и реката Црна во должина од 24.000 метри што ги опфаќа општините Могила и Новаци.
Покрај речните корита, АД Водостопанство-Битола во Општина Могила ги има исчистено и пороите Слатина, Трап, Ивањевци и Трновци, одводните канали во селата Трап, Ивањевци, Трновци, Српци, Беранци, Свето Тодори, Ношпал, Долно Српци, одводниот канал и река во село Мусинци, Добрушевскиот одводен канал, како и одводниот канал на РЕК-Битола.
-Продолжуваме со тековни активности, со чистење на одводни канали во Могила заедно со АД Битолско Поле Битола.Ваквите акции се дел од редовните активности на Општина Могила.
Апелираме до граѓаните на општина Могила да го почитуваат законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина, порачува градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.