×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Над 40 години од животот минаа во рударските јами на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Во зима и лето, на сонце и снег, дење и ноќе, на отворен јагелнов коп беше нивното работно место. Рударите кои неодама се пензионираа дојдоа да го одбележат нивниот ден во комбинатот заедно со колегите.

АД ЕСМ подружница РЕК Битола, на своите вработени им го честита 28 Август-Ден на македонските рудари, а на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

Владата работи посветено да го зголеми производството во ЕЛЕМ и РЕК Битола, а јас со мојот кабинет и раководството ќе обезбедиме одржлива и предвидлива иднина на овој комбинат, рече денеска вицепремиерот за економски прашања во Владата на РМ, Кочо Анѓушев, на централната прослава во РЕК Битола по повод Денот на рударите. Но, исто така работиме и на тоа да обезбедиме поеколошко производство на струја од РЕК Битола, бидејќи нема алтернатива за животот и здравјето на граѓаните од Битола и целиот Пелагониски регион,  додаде Анѓушев

ЕЛЕМ на своите вработени рудари во РЕК Битола и Осломеј им го честита Денот на рударите-28 Август.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани