АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Над 40 години од животот минаа во рударските јами на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Во зима и лето, на сонце и снег, дење и ноќе, на отворен јагелнов коп беше нивното работно место. Рударите кои неодама се пензионираа дојдоа да го одбележат нивниот ден во комбинатот заедно со колегите.
-Имате работа и во кал и во прашина, тешко е да бидеше рудар, но со поголеми работи се постигнува се, вели Љупчо Васиелвски пензиониран рудар.
-Фала му на господа што го има здравјето, што сум го одржал и видот, се работело ноќе, а зимно време од 4 сабајле до 10 навечер е исто како трета смена да с еработи, вели Душан Сапсеновски, рудар.
Скромно велат дека секоја професија е тешка и одгворна, а на младите им порачаа да не се се плашат од работа.
-Да не се плаша од работа, работа има стално, да не се плашат. Секоја работа е интересна, на почетокот е тешко, кога ќе навикне човек влегува во рутина. 40 години во смени, прва, втор аи трета смена. Повеќе овде сум бил отколку дома, рече Менде Даскалов, рудар.
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на покана на АД Електрани на Северна Македонија, денес присуствуваше и се обрати на настанот по повод „Денот на рударите“, кој се одржа во кругот на Рударско енергетскиот комбинат Битола.
„Би сакал да упатам благодарност за рударите во РЕК Битола, во име на сите граѓани на Северна Македонија, за посветеноста и трудот кој секојдневно го вложуваат за да се обезбеди стабилно и постојано снабдување со електрична енергија. Не бадијала луѓето кога работат многу, велат, работам како рудар. Сите сме свесни дека и покрај модернизацијата и технолошкиот развој на рудниците, работата на рударите е навистина тешка и предизвикувачка“, започна вицепремиерот.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во своето обраќање посочи дека во изминатиот период се реализирани многу проекти, започнати се и реализирани повеќе инвестициски проекти, воведени се промени во работниот процес, а подобрени се и условите за работа.
,,Нашата цел како компанија е во иднина повеќе да вложуваме, и во нови производни капацитети, но и во постоечките. Вложуваме и ќе вложуваме во обновливи извори на енергија, што е согласно со државната енергетска стратегија, но вложуваме и во модернизација на другите капацитетите, особено во РЕК Битола, но и во РЕК Осломеј, од причини што без енергија од термоелектрани е невозможно да се одржи стабилен и сигурен енергетски систем. Од друга страна европските директиви во енергетиката се такви што мора да се обезбедат високи еколошки стандарди при производството од јаглен и ние мораме да ги почитуваме тие стандарди’’, потенцира во своето обраќање директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски.
Генералниот директор на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски нагласи дека за команијата сите вработени се драгоцени, независно дали работат во рудниците, термоелектраните или во службите.
,,Како што се менуваат околностите во работата на рударите, така се менуваат и околностите во кои постои и работи РЕК Битола. Новите трендови носат нови предизвици. Пред нас се наоѓа период на трансформација на електроенергетскиот систем на земјата кој од една страна мора да остане стабилен, а од друга страна мора да биде и праведен. Никој не треба да чувствува страв дека дека ќе остане без егзистенција’’, посочи директорот на РЕК Ќурчиевски.
На настанот беа доделени и благодарници на вработени во РЕК Битола и РЕК Осломеј, кои покажале исклучителна посветеност, одговорност и квалитет при извршувањето на работните задачи.