×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

АД ЕСМ и ЕЛЕМ ТУРС реализираа уште една активност од Планот и Програмата за зимската туристичка сезона.

Во ски центарот Копанки на Пелистер денес интензивно се одвиваа активностите за утрешниот почеток на ски сезоната. Како што соопштија од таму утре ски билитетите ќе бидат бесплатни.

ЕЛЕМ ТУРС Подружница "Молика" Битола, официјално ги започна активностите за реализација на Планот и Програмата за следната зимска туристичка сезона на Ски-Центарот Копанки на Пелистер, во функција на исполнување на очекувањата на љубителите на зимските спортови, планинарството и планинскиот туризам, како и останатите рекреативци кои го посетуваат Пелистер, информираат од АД ЕСМ

По обилните врнежеи снег од Ски- центарот „Ниже Поле“ соопштија дека спремни ја продолжуваат годинашнава ски-сезона.

„Како би добиле што поквалитетни и подолготрајно користење на патеките нашите екипи деноноќно ќе ја подготвуваат патеката. Благодарение на ,,Македонија пат" и нашата механизација, патот е исчистен и прооден исто како и паркинзите. Денес повелете на топол чај и рум ,да уживаме во оваа убавина,а од утре продолжуваме со скијање“, напишаа на нивната фб страница.

По обилните врнежи на снег во текот на вчерашниот и денешниот ден, и од Ски-центарот “Копанки” на Пелистер известија дека од утре старуваат со работа. Отпочнати се потребните активности за подготовка на скијалиштето за непречено и безбедно функционирање на ски-терените.

Работна посета на хотелот Молика и ски центарот Копанки беше реализирана во текот на викендот од страна на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и претставници на РЕК Битола, Елемтурс, х. Молика и на фирмата ќерка на ЕСМ, ФОД Битола.

Целта на посетата беше запознавање на раководството на компанијата со состојбата на хотелскиот комплекс по завршувањето на летната сезона, во текот на која се искористија значаен број државни ваучери за туризам од страна на граѓаните.

На средбата беше разговарано и за извршените подготовки за успешна реализација на претстојната зимска сезона, како во инфраструктурата хотелот, така и во ски-центарот. Нотирани беа активностите кои се уште треба да се спроведат, за што на располагаше се ставаат внатрешните ресурси на компанијата, односно соработка меѓу сестринските фирми на АД ЕСМ и пружање меѓусебни услуги согласно нивните специфики на работа.молика 2

молика3

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани