2win800x200

ЕЛЕМ турс започна активности во ски центарот 'Копанки" за следната сезона

Мај 08, 2021

ЕЛЕМ ТУРС Подружница "Молика" Битола, официјално ги започна активностите за реализација на Планот и Програмата за следната зимска туристичка сезона на Ски-Центарот Копанки на Пелистер, во функција на исполнување на очекувањата на љубителите на зимските спортови, планинарството и планинскиот туризам, како и останатите рекреативци кои го посетуваат Пелистер, информираат од АД ЕСМ

 

FB IMG 1620473521050
-На локалитетот ,,Бегова Чешма„ отпочнаа градежните активности за поставување платформа на сончевата страна од скијалиштето, како идеален простор за поставување на урбана опрема и организирана понуда на храна, пијалоци и топли напитоци за време на зимската и летната туристичка сезона.

FB IMG 1620473531317

 

Платформата на Бегова Чешма ќе биде одлично место за одмор и рекреација, но, истата ќе биде ставена во функција и за организирани настани и дополнителни манифестации во текот на цела година.
ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје - Подружница Молика Битола, со завршувањето на зимската скијачка сезона во март 2021 год, започна со реализација на акционениот план и развојната стратегија, со цел Ски-Центарот Копанки во следните десет години да добие многу нови мултифункционални содржини, велат од ЕЛЕМ ттурс

FB IMG 1620473524659

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани