2win800x200

Петгодишен план за почист воздух во Битола

Февруари 24, 2022

Општина Битола доби нов петгодишен план за квалитет на амбиентниот воздух, а  со спроведувањето на конкретни мерки и постапки треба да се намали загаденоста и да се  подобри состојбата со животната средина.

Планот кој беше образложен на денешната презентација е изработен во рамките на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс во прекуграничниот регион“, спроведуван од Центар за климатски промени и Министерство за животна средина и просторно планирање.

Во денешното обраќање, градоначалникот Коњановски, ја потенцира подготвеноста на општината за понатамошна имплементација на низа мерки, меѓу кои и тие кои се дел од програмата за животна средина. Годинава, буџетот за оваа програма е двојно поголем од минатогодишниот и изнесува 9.500.000 денари.

„Сакам да изразам посебна благодарност до сите Вас кои активно бевте вклучени во изготвувањето на петгодишниот План за квалитет на амбиентниот воздух за Битола, кој верувам дека ќе биде од големо значење за општината, а посебно ќе даде придонес во работењето на одделението кое ја третира проблематиката поврзана со заштитата на животната средина.

Општина Битола, како пилот општина вклучена во овој проект, очекувам дека ќе може да имплементира многу од добиените насоки, препораки и заклучоци содржани во планот, при изработката на локалниот еколошки акционен план, зелениот катастар и другите стратешки документи кое се непходни за ефикасно делување на локалната самоуправа во делот на справувањето со штетните последици од различни загадувачи.

Низата мерки кои ги предвидовме и во годишната програма на општината, исто така очекувам да дадат позитивен ефект како врз намалувањето на емисијата на штетни гасови во воздухот, така и врз подигнувањето на јавната свест. Во овој контекст, планираме повеќе видови на поддршка, како:

-        Субвенции за набавка на велосипеди

-        Субвенционирање на колективни згради за поставување на енергетски ефикасни фасади и уредување на дворни места

-        Субвенции за чистење на оџаците,

како и други проекти кои од една страна вклучуваат енергетска ефикасност, но истовремено влијаат и на квалитетот на воздухот, рече меѓудругото градоначалникот Тони Коњановски на денешната презентација.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани