2win800x200

Во битолскиот театар вечер премиера на претставата „Демони“

Февруари 25, 2022

Актери од НУ Народен театар-Битола вечер на сцената со ротација ќе ја изведат првата годинешна премиера, претставата „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов.

Во „Демони“ настапуваат актерката Илина Чоревска, актерот Огнен Дранговски, актерката Марија Стефанова и актерот Здравко Стојмиров кои на публиката и нудат интимна модерна анти-бајка за две двојки, навидум сосема различни, но поврзани во несреќата и неможноста да љубат.

Претставата „Демони“ е прва изведба на македонската театарска сцена, информираа од НУ Народен театар-Битола.

Делото на Ларс Норен „Демони“ за премиерната претстава на НУ Народен театар-Битола, превод од англиски на македонски јазик направи Снежана Плушковска, сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, а костимите, Андреј Ѓоргиевски.

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола веднаш по вечерашната премиера почнува со подготовки за гостување во соседна Србија, во Нови Сад каде пред тамошната публика ќе ја одиграат претставата „Бакхи, краток преглед на распадот“. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани