2win800x200

ВМРО-ДПМНЕ Битола-Нерегуларности во неколку училишта во општина Битола

Февруари 25, 2022
„Директорките на ООУ,,Тодор Ангелевски,, и ООУ ,,Св. Климент Охридски,, незаконски постапувале со добиените донации. Односно, директорката на ООУ,,Тодор Ангелевски, добила донации од неколку лап топ компјутери, и други донации од битолски претпријатија кои едноставно се исчезнати. Ја прашувам ,,Каде со донациите, директорке, да не случајно ги присвоивте за себе,,?
Директорката на ООУ ,,Св.Климент Охридски,, добиените донации не ги дала на учениците, за кои што биле наменети, туку неотпаковани ги чува во својата канцеларија. Воедно, истата директорка дозволила во училиштето да се спроведе анкета која содржела прашања несоодветни за возраста на учениците, со што доаѓаме до тоа дека именуваната не водела никаква грижа за приватноста и безбедноста на учениците. Ја прашувам директорката,, Каде се одлеваат парите од издавањето под закуп на спортската сала, за која речиси е невозможно да се дојде до термин и тоа 7 дена во текот на неделата?
Директорката на ООУ,,Елпида Караманди,“ постапувајќи по оглас за вработување, по своја волја, одлучила да вработи лице кое не било соодветно, а за сметка на тоа отпуштила лице кое долги години изведувало настава и било со соодветно образование, за што е доставен извештај од антикорупциска комисија.Те прашувам,, како ли само успеавте да го принудите училишниот одбор да донесе одлука со која гп затворате предметот и решението од антикорупциската комисија го прогласувате за неважечко?
Директорката на ООУ,,Александар Турунџев,“ с.Кукуречани, прекршувајќи го комплетниот правилник за изведување на излети, годишната програма за работа на училиштето, како и дополнителниот правилник донесен од министерката за образование, организирала излет за учениците, во време на пандемија, користејќи јавен превоз, неводејќи грижа за здравјето на учениците, а со уплатените средства од страна на учениците, го прекршила финансиското работење“, рече Јовески.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани