2win800x200

Денес нема скијање во ски центарот Нижеполе, екипите ги подготвуваат терените и се чисти патот од големите наноси на снег

Февруари 27, 2022

Соопштение од ски центар Нижеполе

Поради интензивните врнежи од снег во текот на ноќта кои и во моментот сеуште продолжуваат , ве информираме дека и покрај тоа што екипите на ,,Македонија пат" го пробија патот до ски - центарот , како и тоа што нашата механизација е на терен и ги чисти паркинзите  и го проширува патот , сепак на некои места има наноси од над 1 метар и патот не е прооден за патнички возила, освен за џипови.
 
Поради тоа денес нема да има скијање , како би ги оставиле нашите екипи да ја подготвуваат патеката за наредните денови.
 
Ви благодариме за разбирањето и очекувајте не со нови информации кога ќе започниме со работа на ски - лифтовите
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани