2win800x200

Во Нижеполе над еден метар снег, од утре и денско и ноќно скијање во ски центарот

Март 01, 2022

Од ски центарот Нижеполе информираат дека терените се подготвени за скијање,  патот исчистен, паркингот спремен за посетителите

"Ве известуваме дека после обилните врнежи од снег , кои продолжија и денес имаме над 1 метар снег. Од утре среда 02.03.2022 г.  ски - лифтовите ќе бидат во функција во двете смени. Денско скијање од 09.00 до 15.00 часот , како и ноќно скијање од 19.00 до 22.00 часот. Изминативе денови нашите екипи ги доведоа во совршена состојба ски - патеките. Паркинзите се исчистени и во функција , како и патот до ски - центарот благодарение на ,,Македонија пат" и нашата механизација", информираат од ски центарот Нижеполе
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани