Сеуште свежи се сеќавањата на над 120 вработени од битолските училишта и детски градинки, кои пред четири години, веднаш по преземањето на локалната власт од страна на СДС, беа избркани од работа и оставени на улица, рече на денешната прес конференција советничката Лидија Павловска.
-Тогашните директори, уценувани со тужби и кривични пријави, беа принудувани по секоја цена да си дадат оставкиИ ова не се случуваше само во образованието, туку во сите други претпријатија во надлежност на локалната самоуправа. Четири години, подоцна, изненадени што нивното сценарио не се повторува, СДС изнесуваат лаги и невистини, неосновано обвинувајќи го градоначалникот Тони Коњановски, кој за првпат постави еден нов начин на функционирање на локалната самоуправа, во кој одлучи да работи со секој оној кој покажал стручност, компетентност и желба за соработка.
Неоснованите обвинувања изнесени во денешното соопштение се само дополнителна потврда на паниката, внатрешниот раскол, безидејноста и единствениот интерес на локалната опозиција, наречен желба за власт.
Почитувани од СДС, за разлика од Вас, ВМРО ДПМНЕ, своето работење не го базира на политички реваншизам, закани и притисоци.Напротив, работењето на оваа локална самоуправа е нешто што е непознато за Вас: а тоа е еднаква можност за придонес во општеството за секој оној кој професионално и посветено работи на реализација на своите работни задачи, додаде Павловска