2win800x200

Американски пул билјард: Бојаџиев прв во А лига, а Ицановски водечки во Б лига

Март 16, 2022

Во второто коло од Државното првенство во американски  пул билијард, Б дивизија што се одржа во Скопје, битолчани беа најбројни, односно од вкупно 32 играчи во дициплина 9 ка учество зедоа седумнина од Битола, но и најуспешни. 

Битола е расадник на млади таленти, а тоа го потврди и нашиот Теодор Најденов, кој што со исклучителна игра стигна до полуфиналето и го освои третото место, а битолчанецот Златко Ицановски со освоениот сребрен медал го зазеде врвот во генерален пласман, со што следната година ќе игра со најдобрите во А дивизија бидејќи првите четворица  одат  во најквалитетното натпреварување.

274952072 1683958348657446 6190275480807352120 n 1

А лигашите пак, кои се 16 фиксни играчи ги одмерија силите во Битола во тренинг центарот „Кај Петчи и Панчо“.

Сите четворица имаа забележителен настап и се наоѓаат во делот од табелата кој гарантира опстанок во лигата и со секој нареден успех се стремат кон освојување на Лигата. Димитар Симовски имаше една победа и два тесни порази, Илче Трајковски со петтото место го повтори успехот од првиот турнир, а додека пак Христо Василевски со освоеното трето место и бронзен медал навестува дека во иднина ќе биде сигурно во врвот,а најверојатно и најдобар.

Сите почести овојпат беа за најискусниот играч Тино Бојаџиев, кој што со сигурна и тактички добра игра, не дозволи изненадување на домашен терен и со 5 сигурни победи го освои првото место, златен медал и пехар кој го доделува Билјардската федерација.

275731917 3945667535659274 8073821681006922284 n 1

Тино Бојаџиев

И овој турнир како и сите кои следат официјални лица се Битолчаните Горан Думевски Панчо делегат и Горан Петровски Сајкал Судија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани