2win800x200

In memoriam: Почина Михајло Несторовски, долгогодишен туристички и спортски работник

Март 18, 2022

Денес почина Михајло Несторовски, долгогодишен туристички работник и управител на ТА "Палас" во Битола. Во раната младост беше истакнат активен спортист, краток период во кошаркарски клуб во Америка и активен кошаркар во КК Пелистер и МЗТ Скопје, а подоцна и како тренер на младински екипи при КК Пелистер. Ќе остане запаметен како племенита личност со високи морални вредности меѓу своите колеги, другари и пријатели.

Погребот ќе се изврши утре (19 март) во 13 часот на Светонеделските гробишта во Битола.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани