2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Здружението на одделенски наставници „Учител“ го одбележа првиот роденеден

Март 22, 2022

 

Пред една година, група учители од цела Македонија, го регистрираа првото официјално  Здружение на одделенски наставници - ЗОН „Учител“со седиште во Битола. Овие ентузијасти имаат јасна цел -да се  врати достоинството на одделенскиот наставник и да се унапреди воспитно - образовниот процес во одделенската настава. Во продолжение за нивната визија, мисија и активности спроведени во една година постоење. 

 Реформи во образованието                           

Образованието е динамичен процес кој мора и треба да трпи промени. Години наназад сме сведоци на разни реформи со цел да се изгради еден модел на образовен систем кој ќе излези во пресрет на потребите и интересите на учениците .

За жал, сите реформи почнале и завршиле во првите години ,најчесто пилотирани и применети во одделенска настава . Затоа одделенските наставници секогаш се ставени под голем тест- дали и како ќе ги имлементираат сите новини во пракса, што навистина е голем предизвик за секој просветен работник.

Како втемелувачи и реализатори на сите реформи неминовно беше одделенските наставници да преземат чекор и да формираат здружение кое ќе биде гласот на учителот.

Учителот кој треба реформата да ја примени во пракса со своите ученици ,треба и мора да биде прашан :

  • Што е добро, а што може да биде подобро?
  • Што е лошо и како да се промени?
  • Што ни е потребно и како тоа да се направи?

 

Како се формира ЗОН УЧИТЕЛ?

Кога МОН ја објави предлог везрзијата за Новата концепција за основно образование беше одличен момент НИЕ како практичари да ја прочитаме, анализираме и да дадеме мислење за истата. Заради неможност да се испратат нашите мислења, предлози и аргументи преку здружение и синдикат, тоа го направувме од личен маил како група наставници. Но, знаевме дека само како Здружение може сериозно да бидат сфатени нашите предлози и аргументи.

Здружението ЗОН УЧИТЕЛ се оснива од страна на 17 оснивачи и е регистрирано на 12 март 2021 година во Централен регистер како Здружение на одделенски наставници УЧИТЕЛ или скратено ЗОН УЧИТЕЛ со седиште во Битола.

Пред точно еда година нашето здружение ги имаше своите почетоци. Група ентузијасти, од различни градови на Македонија тргнавме по еден пат кој незнаевме каде ќе не одведе, но тргнавме со јасна цел - да направаиме се што е во наша моќ за да се обидеме да го смениме јавното мислење за нашата професија и и да да го вратиме достоинството на УЧИТЕЛОТ .

Го формиравме ЗОН УЧИТЕЛ со јасна мисија и визија

  • Да се промовира и реализира квалитетно и современо образование во одделенска настава;
  • Ликот на учителот е највисоко почитуван од целата зедница.

 

Зошто? Бидејќи знаеме и сме убедени дека кога едукаторите чекорат заедно, чекорат по патот на успехот овозможувајќи им на учениците најдобро образование.

Наша цел е да го промениме мислењето на јавноста за наставник кој работи три-четири часа во денот и има одмор од три месеци во лето и еден во зима. Постојано правиме истражувања, рефлексија на сопствената работа за да планираме настава која на учениците ќе им овозможи да стекнат вештини поврзани со критичкото размислување, решавање проблеми, тимска работа и комуникација. За да излезиме во пресрет на потребите и интересите на учениците во 21 век треба да овозможиме синхронизирана соработката на образовниот триаголник(наставник-ученик-родител ) . Ние сме наставници на 21 век и ќе создаваме модерно,осовременето и квалитетно образование.

 

Што направивме во една година постоење и како функциониравме за време на пандемијата?

           - Континуирано одржувавме онлајн средби со членовите

           - Остваривме средба со Министерката за образование Мила Царовска за новите реформи и испративме четири писмени барања до МОН со предлози и сугестии.

         -Потпишавме МЕМОРАНДУМ за соработка со Факултетот за образовни науки при Универзитетот „ Гоце Делчев“ – Штип и Факултетот за физичко образование, здравје и спорт при УКИМ- Скопје

           - Изработивме електронска збирка од творби на наставници од РС Македонија и Р Србија во чест на Свети Кирил и Методиј на тема „АЗ,БУКИ,ВЕДИ- Ѓердан од зборови во ваша чест реди“ .

           - Во соработка со Факултетот за образовни науки при Унуверзитетот „Гоце Делчев“ – Штип зедовме активно учество на Тркалезна маса на тема „Училиштето е огледало на општетвото“

     - Со поддршка на SmartUp –лабораторија за социјални иновации, која го спроведува проектот ЕДУИНО колективен портал за дигитални содржини, а во сопственост на БРО организиравме онлајн настан за одбележување на 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На истиот зедоа збор и директорот на БРО Зекирија Хасипи и советникот за инклузивно образование од МОН Душан Томшиќ.,како и претставници од: МКФ, Ресурсен центар „Кочо Рацин“- Битола, Центар за поддршка ООУ „Горѓи Сугарев“- Битола, образовен асистент, одделенски наставник и родител вклучени во процесот на инклузија на учениците во редовни паралелки.

- ЗОН УЧИТЕЛ стана поддржувач на меѓународниот проект „Дарување,радување-новогодишно разубавување “

- Започнавме серијал од вебинари кои овозможуваат споделување на добри практики со цел да учиме едни од други и да го јакнеме нашиот професионале развој . Реализиравме

вебинари за применливоста на интерактивните алатки Canva и LearningApps

ЗОН УЧИТЕЛ е силно мотивиран да стане партнер на МОН, БРО, педагошките факултети кои продуцираат образовен кадар со цел градење на квалитетен образовен систем по мерка на детето, но со почитување и вреднување на трудот на наставникот

 

274908767 258487076481566 2962753732654568897 n

275552787 4832742600147424 219702781202891759 n

on1

 

zon4

 

zon5

zon6

zon7

zon8

zon9

zon10

zon11

zon12

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани