АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски беше домаќин на 16 учесници, кои од 21 до 25 март престојуваат во Битола, во рамките на проектот од Еразмус програмата „Игрите во училиштето“.
На средбата со градоначалникот беа разменети искуства за текот на проектот во делот на размена на добрите практики, од страна на учесниците од неколку држави, чиј координатор е Франција, а партнери во проектот се училишта од Полска, Бугарија, Турција и Македонија.
Проектот, чиј учесник од Битола е ООУ „Св. Климент Охридски“, има за цел размена на искуства во врска со игрите во училиштето и нивната ефикасност во едукацијата и стекнувањето на трајни знаења. Во оваа мобилност се обработуваа математички игри од различни земји и се реализираа најразлични игровни активности со учениците