Утре гратис скијање во ски центарот Нижеполе за крај на оваа сезона

Март 26, 2022

По 70 дена скијање, ЈП Стрежево утре, со гратис скијање,  ја затвора оваа скијачка сезона на  терените во  Нижеполе

-Сезоната ја започнавме промотивно со гратис користење на ски - лифтовите , би сакале како општестевено одговорно  претпријатие ЈП,,Стрежево" , кое е тука секогаш да помогне во спортот ,посебно во скијањето и оваа сезона симболично да ја затвориме со гратис скијање. Утре Недела 27.03.2022 година ски - лифтовите ќе работат од 09.00 до 15.00 часот., информираат од ски центарот Нижеполе. 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани