Диневска избрана за Претседател на Унијата на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола
Април 05, 2022
Анѓелка Диневска е новата претседателка на Унијата на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, и доаѓа на местото на Марица Тодоровска која на последните локални избори доби советнички мандат.
Диневска е дипломиран инженер по информациски системи.Таа е активен член на ВМРО ДПМНЕ и во наредниот период ќе работи на политичко и економско јакнење на жената во општеството.