2win800x200

Владо Талевски нов директор на ИЗ “Жабени“

Април 07, 2022
Владо Талевски е избран за  нов в. д. директор на ЈПС Индустриска зона Жабени- Битола. Тој доаѓа на местото на Анита Крстевска.
 
Талевски е поранешен раководител во Термоелектрани Битола, бил задолжен за меѓународна соработка во ЕЛЕМ и учествувал на повеќе проекти со големи корпорации како “SIMENS“, “Babcock Borsig“, “Power Machines“ и сл. На почетокот на својата кариера бил демонстратор на Техничкиот факултет во Битола, на отсекот по машинство.
 
Тој по професија е машински инженер, избран за најдобар студент на генерација, магистрант во областа производно-машинство, национален консултант на “UNIDO“ ( United Nations Industrial Development Organization) за Електрани на Македонија. Исто така работел на регионалниот проект топлификација на Битола, Могила и Новаци.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани