Приведен крадец во Битола, украденото вратено на сопственикот

Април 08, 2022
фото интернет фото интернет

Службеници од битолската Полициска станица вчера на улица „Нико Фундали” во Битола го лишиле од слобода 25-годишниот битолчанец Ш.М., кој бил затекнат при извршување кражба во објект сопственост на неговиот сограѓанин Д.П. (45).

Од МВР денеска информираа дека кај Ш.М. биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me