2win800x200

Коњановски-Процесот на енергетска транзиција е неминовен и е многу значаен за жителите на Пелагонискиот регион

Април 08, 2022
Општина Битола беше домаќин на работната средба во рамките на проектот Just Transition Diagnostic (Дијагностицирање на праведна транзиција), на која учествуваа претставници од Делегацијата на Европската Унија, консултантската куќа Планет задолжена за подготовка на акциските планови, професори од Техничкиот факултет и дел од општинската администрација задолжена за реализација на проектот. На средбата присуствуваа и градоначалниците на општините Битола, Новаци и Могила и претседателката на Советот на општина Битола..
Во своето поздравно обраќање, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски истакна дека процесот на енергетска транзиција е неминовен и е многу значаен за жителите на целиот Пелагониски регион.
Во работниот дел, се дискутираше за начините кои ќе бидат дел од акциониот план, преку кој треба да се изведе преодот на енергетска транзиција со декарбонизација во наредните години, земајќи ги во предвид социо-економските аспекти на жителите од регионот. Паралелно, ваквата транзиција треба да има бенефит и во однос на заштита на животната средина.
Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани