2win800x200

Крајовски го крои новиот ИО-докажани партиски борци, но и млади, нови ликови

Април 09, 2022

Ново назначениот претседател на ОО на СДСМ Битола, Драјан Крајовски веќе го подготвува новиот Извршен одбор на партијата во Битола за кој се очекува да биде изгласан утре. Новото општинско раководство на СДСМ Битола се екипира со нови ликови, млади, образовани, докажани во својата средина, а во истовреме партиски профилирани кадри, велат извори од партијата. Засега неофицијално се дознава дека во новиот ИО на Крајовски влегуваат пред се докажани партиски борци, професори, банкарски службеници, поранешен пратеник, актуелни директори, студенти. 

Меѓу новите лица според наши извори се истакнуваат Јосиф Петровски универзитетски професор и Тео Тодоровски банкарски службеник. Во новиот ИО се враќа и екс пратеникот Борче Петковски. А од актуелните директори во државни институции свое место ќе има и Елена Патче Спасеновска од Средношколскиот дом во Битола како и кандидатот за  советник на последните локални избори Јадранка Павловска. Извршниот одбор на ОО на СДСМ брои 19 лица, а комплетниот состав ќе се знае утре по закажаната седница на која се најавува пристуство на секретарот за надворешна политика  Бојан Маричиќ, на министерката Бисера Костадиновска и на заменик министерот Владимир Рендевски.  

Лидер на СДСМ во Битола, Драган Крајовски  уште наредниот ден, во понеделник, на првата седница на ИО ќе треба да го предложи и својот избор за секретар на партијата. За оваа функција по се изгледа ќе биде избрана припадничка на понежниот пол..  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани