АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наши читатели од потпелистерското село Цапари попладнево испратија фотографии од априлскиот снег што заврна денеска.
Снегот на повисоките места беше причина за спуштање на температурите за околу 10 степени. Од УХМР најавуваат засилен северен ветер и во текот на утрешниот ден, но постабилно време, со сончеви периоди и ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата, а најстудено ќе биде во вторник наутро и среда, кога се очекува температурата до -5 степени.