АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше работна средба со Жарко Трајков и Александра Мојсовска, претставници на приватната установа за семејна заштита СОС Детско село, која го спроведува проектот „Унапредување на системски недостатоци -поддршка на реформите во системот за заштита на деца“.
Проектните цели се насочени кон придонес за реализација на стратегијата за деинституционализација, за што СОС Детско село започнувајќи од почетокот на мај, ќе отпочне кампања за покренување на свеста за значењето и бенефитите на програмата за згрижување на деца во рамки на која ќе се одржат настани од јавен карактер во 25 општини низ државата.
Во Битола, каде има само 3 згрижувачки семејства, настанот е планиран за 26 мај. Градоначалникот Коњановски, изрази подготвеност за соработка на општината со организаторите, со цел заеднички придонес, во обезбедувањето на подобри услови за децата кои имаат потреба да бидат згрижени.
Со успешно спроведената кампања, од СОС Детско село, очекуваат да се постигне зголемување на бројот на потенцијални згрижувачи и креирање на достапна мрежа згрижувачки/роднински семејства низ целата држава.