Како дел од проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“, во општина Битола, донирани се 16 компјутери, наменети за задоволување на образовните потреби на учениците од социјално ранливи семејства. Трајни сопственици на уредите ќе бидат училиштата кои се под надлежност на општината.
Донацијата исто така вклучува и обезбедување на обука за дигитална писменост за учениците кои ќе ги користат лап топите.
Проектот во чии рамки се реализира оваа донација е имплементиран од ЗЕЛС и НАЛАС – Мрежа на асоцијации на локални власти од Југоисточна Европа, во соработка со ГИЗ, а во име на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој.
Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи за примена на социјални пристапи со крајна цел социјална инклузија на ранливите групи.