АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На социјалните мрежи објавени се фотографии на кои Љупчо Ѓоргиевски, претседателот на Културниот центар „Иван Михајлов“ кој го отвори бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е фотографиран со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Освен оваа фотографија кружат и други на кои тој е сликан пораншениот претседател Ѓорге Иванов, па со членови на ВМРО-ДПМНЕ од Битола како виорат партиско знаме, потоа со маица на која пишува Антонио Милошовски, па со пратеничката од истата партија Силвана Бонева.
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола велат дека тој не е активен член на партијата и дека од 2015/16 година па наваму не е забележан на партиски настани и не го ажурирал членството. Додаваат дека никогаш не бил носител на партиска функција во Општинскиот Комитет и дека денес честа појава е некој да се фотографира со политичари и сликите да ги објави на фејсбук.
Љупчо Ѓоргиевски ја пречека бугарската делегација во Битола во саботата предводена од премиерот Кирил Петков и држеше говор заедно со нив во Бугарскиот клуб во Битола.