2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

И денес добивам смртни закани, рече Ламбе Алабаковски кој со маица со македонското знаме сведочеше на рочиштето против претседателот на бугарскиот клуб во Битола

Октомври 30, 2023

Пејачот Ламбе Алабаковски вели дека постојано добива пораки со смртни закани за него и неговото семејство откако пред повеќе од една година, во јули 2022, го опожари бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Тој го соопшти ова денес  како сведок на Обвинителството, во судењето што во Основниот суд во Битола се води против претседателот на бугарскиот клуб од Битола, Љупчо Ѓоргиевски. Претседателот на клубот е обинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем. Кривичната постапка против него ја поведе Основното јавно обвинителство од Битола.

 

Алабаковски за време на сведочењето носеше блуза на која беше исцртано македонското знаме, за разлика од Ѓоргиевски кој на претходното рочиште имаше маица со ликот на Михајлов.

 

„Имаше закани и навреди и ден денес има. Најчесто се, по мое мислење, од бугарски граѓани и луѓе кои живеат тука, а се чувствуваат како Бугари или од измислени ботови на Фејсбук и Инстаграм, кои најчесто ги добивам во директна порака со смртна закана кон мене и кон моето семејство“, рече Алабаковски и потврди дека се инспирирани од неговите ставови за клубот и неговото опожарување.

„Сметам дека во срцето на Македонија, поточно во Битола, де факто и де јуре, не смее да има таков клуб со име на докажан фашист како што е Ванчо Михајлов“, рече Алабаковски.

Бранителот на Ѓоргиевски, адвокатот Насер Рауфи, го нарече Алабаковски недоличен сведок зашто бил осуден за палење на клубот, на што реагираше Обвинителството да не се упатуваат навреди.

„Според мене сведокот е недоличен, предлагаат сведок буквално пироман, човек кој го опожари клубот, кој освен што го призна тоа дело, не ми беше јасно на кои околности е повикан“, реле Рауфи.

обвинетиот љупчо ѓорегиевски и адвокатот

Адвокатот на обвинетиот, понатаму, го праша Алабаковски дали се согласува дека против Ванчо Михајлов нема пресуда дека е фашист, на што обинителската Оливера Нечаковска приговараше со контрапрашање:„Дали и за Хитлер има пресуда дека е фашист?“

На понатамошните прашања на Рауфи дали се гордее со палењето на бугарскиот клуб во Битола и дали има омраза кон клубот, Алабаковски рече дека не сака да одговори и дека е повикан да сведочи за сосема друго. Приговараше и обвинителската Начаковска која рече дека ваквите прашања немаат врска со обвинителниот предлог каде не се тврди дека Ванчо Михајлов е негативен лик во македонската историја, бидејќи бил поддржан од бугарскиот народ, туку бил лик кој ги поддржувал фашистите кои извршиле окупација на регионот и ги истребиле Евреите од Битола. Адвокатот Рауфи уште праша дали Алабаковски по палењето на клубот во Битола ја пеел песната „Оган да го гори“ како провокација, а тој му одговори „апсолутно не“.

Обинетот Љупчо Ѓоргиевски рече дека не се чувствува виновен и на никого ништо лошо не сторил.

Главниот претрес продолжува на 18 декември, кога ќе бидат сослушани Ѓорги Црномаров и Благоја Шаторов, како сведоци на одбраната. Шаторов е поранешен секретар на бугарскиот клуб, кој заедно со обвинетиот Љупчо Ѓоргиевски добија бугарско државјанство. На судењето беше кажано дека не присуствува зашто е во Бугарија, а адвокатот Рауфи не знаеше да каже дали е преселн таму.

На следното рочиште како сведок предложен од ОЈО треба да биде сослушен и Горан Садикарио од Еврејсаката заедница на Македонија, а веќе беа сослушени Стефан Бошков од Сојузот на борци од Битола и хроничарот Зоран Ѓоргиев.

За време на судењето во судницата беа дозволени само камери, а телефонитре и компјутерите на новинарските екипи им беа одземени до завршувањето на рочиштето..

Ж.Здравковска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани