АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започна асфалтирањето улицата „Солунска“, со што се завршува втората делница предвидена со проектот за реконструкција.
Градоначалникот Тони Коњановски денеска изврши увид во работата на овој дел од улицата
Овој проект, опфати реконструктивни зафати на водоводната мрежа, мешовитата канализациона мрежа и поставување на нов коловоз.
Улицата „Солунска“ е дел од проектот „Изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици“, за кој градоначалникот Коњановски, најави дека ќе биде завршен оваа градежна сезона.