2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Бесплатен железнички превоз за неколку категории граѓани од 1 мај

Април 23, 2022

 

Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа: 
 
-Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови  од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот 
 
-Бесплатен превоз на стари лица, жени од 62 години и мажи од 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела); 
 
-Бесплатен превоз за студенти секој четврток 
 
-И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда
 
Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година.
 
Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел  поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз.
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани