2win800x200

Меѓународен ден на џезот во Битола-30 април Офицерски дом

Април 27, 2022
На 30 Април со почеток во 12.00 часот на платото пред Офицерскиот дом - КИЦ - Битола ќе биде поставена изложбата на фотографии „Џезтетика“ на фотографот Татјана Ранташа, а во музичкиот дел битолчани ќе можат да го проследат настапот на македонскиот џез квартет „Сашо Поповски квартет“, со познатите џез артисти: Сашо Поповски, Иван Бејков, Ратко Даутовски и Кирил Кузманов.
         Овој настан е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џез музиката кој вклучува над 1000 настапи и концерти во преку 190 земји во светот. Имено во Ноември 2011 година , Генералното сообрание на УНЕСКО, го прогласи 30 Април за Меѓународен ден на џез музиката, со цел да ја промовира истата како алатка за мир, заедништво,разбирање и дијалог помеѓу луѓето.
      ЈОУ КИЦ - Битола , се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот- Jazz day, воедно промовирајќи го новиот музичко - сценски простор како најава за богата концертна сезона.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани