2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

РЕК Битола и Факултетот за биотехнички науки – Битола потпишаа Меморандум за соработка

Мај 05, 2022
 
 
  Најголемиот македонски производител на електрична енергија и најстарата единица на битолскиот универзитет започнуваат научна, техничка, образовна и апликативна соработка чиј приоритет е младите да стекнат соодветни вештини и тука, во татковината да ја најдат и обезбедат својата иднина. 
 
Соработката предвидува различни конкретни активности, меѓу кои :
- организирање и реализација на практична настава на студентите од Факултетот за биотехнички науки во РЕК Битола
- заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер
- консултации и експертизи
- размена на искуства
- организирање на курсеви и обуки од страна на Факултетот
 
АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола и Факултетот за биотехнички науки во иднина ќе ја разгледаат можноста и за стипендирање на студенти од факултетот. 
АД ЕСМ во рамките на своите определби за поддршка и помош на заедницата и врз база на одлуката за реално практикување на општествената одговорност, соработува со голем број наставно – научни установи во Република Северна Македонија.
 
Покрај соработка во различни сфери од интерес на компанијата и факултетите, Државни електрани секоја година доделува по 25 нови стипендии на студенти од шест државни факултети во земјава. Интенција на АД ЕСМ е динамизирање на соработката во научно – техничката сфера со партнерите, како и постојано зголемување на поддршката за студентите и наставно – научните установи во државата. 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани