2win800x200

Битола досега со мала искористеност на пари од европските фондови

Мај 30, 2018

Два одобрени проекти што ќе се реализираат со средства од ИПА 2 фондовите на Европската унија и еден на листа на чекање. Ова претставува еден добар тренд, ако се има предвиди дека вкупно досега општина Битола, искористила пари за само 5 проекти од ИПА, велат од НВО Инфоцентар, кои ја презентираа анализата „Капацитети на искористеност и програмирање на ИПА фондовите на локалано ниво-студија за општина Битола“.

На ниво на држава од ИПА 1 програмата врз основа на договори искористени се 71 процент од средствата кои биле на располагање, но ниту ова не е релен показател, затоа што договорите иако биле  потпишани, голем дел не се реализирале, а средствата не се искористени. Сега шансите се Македонија да ги искористе парите што стојат на располагање од ИПА 2 програмата.

-Во моментот предизвик е тоа што во тек е ИПА 2 до 2020 година, во која што има многу повеќе средства од претходната. Треба да се вложат максимум напори за да се изградат и да се надоградат капацитетите, но и стратешките преокупации на локалните власти во однос на искористување на ИПА фондовите, а се со цел за развој на локалната заедница. ИПА 2 е концентрирана на локалната економија, вработувањето, мобилноста на работната сила, социјалниот, културниот развој, развојот на туризмот, многу важни сегменти за развој. Битола веќе има 2 одобрени проекти, а еден на резервна листа што покажува добар тренд“, рече Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентарот.

Бејковска посочува дека во моментот политичка волја има, објективно се следат слабостите и добрите страни, а ќе се дејствува и во насока на стратешка надградба и зголемување на соработката со граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и другите субјекти со цел заедничко аплицирање и учество во проекти.

-Може некој ќе рече дека 5 проекти што ги реализирала општина Битола во изминатиот период  не се малку, но ако го видите моретот на можности, навистина е штета да не се искористат. Посебно преку прекуграничната соработка. Но, од овие анализи може да се рече дека немало политичка волја, а состојбата сега се менува,  рече Бејковска

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека по нејзиното доаѓање на функција една од поголемите слабости што ги забележала е токму недостиг на екипа која ќе работи на овие апликации.

-Беше согледано дека не постои обучен тим да аплицира до овие фондови. Ако немате обучен тим, не можете да очекувате дека ќе има некави успешни резултати. Тоа е причината зошто во изминатиот период искористеноста на овие средства била мала. На луѓето им треба обука. Тоа е она што треба да се подобри сега, да биде додадена вредност на оние кои што се подготвени ова да го работата. Токму затоа склучувавме меморандуми за соработка со НВО секторот, за да дадеме шанса, следејќи ги овие можности да се аплицира заеднички до одредени фондови. Токму потребата за партнерстово, ние за повлекување пари за Офицерски дом аплициравме заедно со Регионалната стопанска комора, затоа што сметаме дека бизнис заедницата може да биде сериозен партнер за да дојдете до успешна завршница при аплицирање до било кои фондови. Апликацијата за Офицерскиот дом е од други фондови, а пак она што во наредниот период ќе треба да го реалзиираме е кино на отворено, а исто така, како проект за реалзиација е спортската сала во зафати што ќе значат енергетска заштита на објектот. Тоа е она што го работиме и сме во напредна фаза, рече Петровска.

Градоначалничката посочи дека општина Битола во следниот период серизоно ќе ги зајакне капацитетите за за искористување на средствата од фондовите на Европската унија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани