2win800x200

Милевски-предвремените парламентарни избори во овој момент не се решение за излез од актуелните проблеми

Мај 11, 2022
Извршниот одбор на ЛДП ја одржа својата редовна седница, на која ја разгледа актуелната политичка состојба во државата и донесе заклучок дека предвремени избори во овој момент не се потребни, објави лидерот на ЛДП Гоан Милевски на Фејсбук..
 
-Ги разгледавме и барањата на опозицијата за предвремени избори и констатиравме дека е неопходно целата енергија на политичарите да се насочи кон решавање на проблемите на граѓаните кои се предизвикани од економската и енергетската криза во Европа.
За нас, предвремените парламентарни избори во овој момент не се решение за излез од актуелните проблеми и сметаме дека иницијативите се поттикнати единствено од партиските интереси и желбата за освојување на власта.
Владата има доволно капацитет и стручност да се справи со предизвиците и да одговори на потребите на граѓаните и од тие причини бараме да се нормализира работата на Собранието, кое во овие моменти на криза треба да работи исклучиво во интерес на народот, а не за теснопартиските интереси на поединци или групации, смета ЛДП.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани