Покрај овој повик, на веб страната на општината на следниот линк
https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-zdruzenija-i-fondacii/, објавен е и јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2022 година. Средствата од овој повик, ќе бидат доделени за проекти во приоритетните области и цели кои се однесуваат на локален економски развој, образование, култура, еднакви можности, здравство и екологија. Вкупниот буџет за повикот изнесува 1.000.000, 00 денари.