АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола, ги започна работните активности со кои две улици во населбата Буковски ливади ќе добијат ново улично осветлување. Вкупната должина на која се поставува осветлувањето во населбата изнесува 900 метри. Во моментот на терен се одвиваат градежните работи, како и работа на фундаменти и столбови, по што ќе следува поставувањето на ново улично лед осветлување. Вредноста на инвестицијата, изнесува 1 680 000 денари.
Улицата 4 та ќе добие комплетно ново осветлување, а на улицата Буковски мост, на потегот од раскрсницата со патот за село Бистрица, до спојот со улица Панде Илковски, се врши дополнување на осветлувањето.
Новото улично осветлување, во овој дел на градот ќе го опфати и поврзувањето со патот за село Бистрица, со што ќе се овозможи и решавање на досегашниот сообраќаен проблем, кој поради неосветленоста беше често изразен во вечерните часови.