2win800x200

186 години битолска пожарна- Коњановски рече пред распишување сме тендер за изработка на проект за противпожарна станица

Мај 20, 2022

Битолската Противпожарна единица денес слави 186 години постоење. Формирана е со повелба на Румелискиот Валија на 20.05.1836. Оваа единица е најстара во државата и на Балканот. Датумот на основањето е земен како празник на пожарникарството во земјава.

Денот на пожарникарството денес беше одбележан со полагање цвеќе пред спомен- плочата кај ТППЕ Битола.

„Сакам да го честитам 20 мај – Денот на пожарникарите на Македонија, на овие храбри момци да им изразам искрени честитки. Денес, се одбележуваат 186 години постоење на противпожарната единица, од формирањето во 1836 година. Тоа е датум кој треба навистина достојно да се одбележи. Им честитам на храброста и на залагањата. Тие секогаш мора да бидат подготвени за секакви ситуации кои може да се појават. Сакам да ја искажам подготвеноста на локалната самоуправа, на Општина Битола, да продолжи многу поактивно во помагање на противпожарната заштита во Битола, со тоа што пред распишување сме на тендерска постапка за изработка на проектна документација за изградба на противпожарната станица, која ќе биде лоцирана во АРМ, а исто така деновиве очекуваме донација од 3 специјални возила од Република Франција, за што предвидена е и обука на пожарникарите, а од друга страна, преку Пелагонискиот регион и комплетна опрема за противпожарната единица, така што во периодот кој следи, се надевам многу брзо ќе ја видиме и изградбата на новата противпожарна единица, зошто овие луѓе навистина заслужуваат подобри услови за работа“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Заменик командирот на територијалната противпожарната единица во Битола, Горан Димкоски, информираше дека, во единицата има 41 вработен пожарникар, а бројот на противпожарни возила со донацијата која треба да пристигне од Франција, ќе биде 11.

 

--pozarna 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани