АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заврши гостувањето во Словенија и Хрватска на тактилните изложби „Допирот на уметноста“ на НУ Завод и музеј Битола, пропратени со онлајн обуки и вебинари.
Експертите од Битола учеа од најдобрите и воедно го споделија своето искуство со меѓународно признати експерти и релевантни институции, во однос на проектите за лицата со попреченост.
Цел на овие гостувања беше промоција на нашето богато културно наследство преку тактилните изложби и работилници во регионот, со став дека музеите се за сите.
Гостувањето со тактилни изложби во Хрватска и Словенија беше заокружено со работилници во Марибор и Загреб, во насока на одбележувањена 18ти мај, Меѓународниот ден на музеите.
М-р Јове Парговски е автор на концептот и тактилни слики а д-р Ирена Ружин – раководител на проект поддржан од Министерство за култура.