2win800x200

Левица Битола-Постои сомнение за шпионажа и упад во компјутерските уреди на советничката група

Мај 26, 2022
Интегритетот на советниците на Општина Битола е тотално нарушен од страна на владеачката структура на ДПМНЕ и ПОИНАКУ, обвинуваат советните на Левица од Битола.
Во врска со овој случај за кој вчера обелодени СДСМ https://apla.mk/denes/item/10734-sovetnici-od-sdsm-bitola-se-somnevaat-vo-upad-vo-sluzhbenite-kompjuteri-od-strana-na-vmro-dpmne, а Општина Битола имаше реакција https://apla.mk/denes/item/10735-sluchaj-upad-vo-sluzhbenite-kompjuteri-opshtina-bitola-smeta-deka-nema-nikakov-sluchaj-na-zloupotreba, а од Левица велат дека постои сомнение за шпионажа и упад во компјутерските уреди на советничката група на Левица.
-Транспарентноста кон граѓаните и работата во советот на Општина Битола од страна на советничката група на Левица е повеќе од јавна и со чиста мисла.
ПРАШАЊЕТО Е, КАКО Е МОЖНО ПОСЛЕ ПОЛНОЌ ДА СЕ ПОЈАВИ СЛИКА НА ПОЗАДИНА ОД ВИСОК ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕР ВО СОВЕТ НА ДПМНЕ НА ПОВЕЌЕ СЛУЖБЕНИ КОМПЈУТЕРИ, А НЕ СЕ МРЕЖНО ПОВРЗАНО? Некој нешто работел, ама погрешил, обвинуваат од Левица и бараат одговорност за случајот. 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани