АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Викендов, од 1-3 Јуни 2018 год на Пелистер се одржа шестата по ред велосипедска Downihill трка организирана и спроведена од момците од велосипедскиот клуб Extreme Bike Team Bitola. Трасата на патеката се движеше од Копанки до Детското одморалиште во должина од 2,1 км и висинска разлика од 425м. Целиот натпревар беше спроведен според правилата на UCI (Union cycliste International).
На трката зедоа учество рекордни 57 натпреварувачи од 7 земји Македонија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Грција, Србија и Австралија. Учесниците се натпреваруваа во 4 категории и тоа; мажи и жени Хоби, мажи Јуниори, мажи Мастерс и мажи Елит. Во класата Хоби имаше тотална доминација на македонските возачи и првите две места ги зазедоа Додиќ Стефан и Давчев Даниел, додека третото место му припадна на Калуџеровиќ Лазар од Црна Гора. Во класата Јуниори првите три места ги освоија возачите од Бугарија, Анчев Јордан, Белезирев Румен и Кобуров Иван. Во оваа категорија најдобро пласирани возачи од Македонија беа Ѓорѓевиќ Лука и Угриновски Кристијан освојувајќи 5 и 6 место . Во најжестоката класа, односно мажи Елит, првите три места ги поделија Бугарите, Гатев Стивиан, Ковачев Росен и Нејчев Јоан. Нашите најдобри возачи освоија одличен пласман и тоа Николовски Александар 7 место и Даскаловски Јовче 8 место. Понатаму Фидановски Александар 13 место, Цветкоски Оливер 14, Јовановски Стефан 16, Цветановски Мартин 18, Здравески Ивица 20, Кулевски Христијан 21 и Демировски Артан 22 место, сите членови на велосипедскиот клуб Extreme Bike Team.
- После покажаниот одличен успех и како во натпреварот така и во организацијата, чувствуваме голем поттик, а и обврска да ја продолжиме традицијата со уште поголема организација и на повисоко ниво на натпреварување како што е класификација на трката во UCI (Union cycliste International). Дополнително мотивирани од огромната посетеност на овој настан од страна на љубителите на планината и спортот од нашиот град Битола, а и од цела Македонија и соседството, продолжуваме со нови сили во организирање на уште поголем настан со поголем број на возачи и со уште попредизвикувачкa и по адреналинска траса,велат од Extreme Bike Team Bitola.