АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во интервју за софиската телевизија бТВ, во директен пренос од Скопје како и за Бгнес коментира што дознала за инцидентот во Битола, во кој вчера беше опожарена влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.
-На снимките на една од камерите можев да видам човек кој мирно пристигнува со велосипед, вади цевка со запалива течност и мирно ја истура течноста пред вратата од куќата. Оваа смиреност беше малку нарушена, бидејќи пожарот што избувна беше огромен, се исплаши, се сомневам дека лицето има некои повреди од овој пожар, можеби ќе побара лекарска помош. Човекот носи маска, рече Генчовска додавајќи дека лично смета дека ова „дело е направено ладнокрвно, смислено и намерно“.