2win800x200

По три години пауза, втора ретро журка ОРФЕЈ во Битола

Јуни 17, 2022

 

По три неполни години од  првата,  оваа година ќе се одржи втора ретро журка ОРФЕЈ Битола, како потсетување на незаборавните години кога  Младинскиот клуб Орфеј беше симболот на младоста,  дружбите и  незаборавните журки на три генерации.
 
-Дружбите , журките и љубовта кон музиката која не спојувааше и расположуваше. Датумот за втората ОРФЕЈ забава е 05 Август 2022.  Локација - Ноќниот Клуб РАСЧЕКОР Битола. За музиката и расположението ќе се погрижи еден од најдобрите Диџеи  на овие простори DЈ CRAZYSLAVE, Славе Келешоски, „ОСУДЕН НА ВЕЧНОСТ, Касиус Клеј на музиката. 
Почеток 21. 00 до 04.00, седум часовна забава што не смее да се пропушти.
Да се потсетиме  на диско и екс ју хитовите
Да се видиме и пожуркаме. Првата журка беше преубава. Да ја направиме оваа за паметење. Информации за пропусниците кои ќе бидат во ограничен број и „прв пријавен прв услужен“ - во јули 2022, вели еден од организаторите Драги Лажиовски Брусли.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани