2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Блокот 2 во РЕК надвор од производство

Јуни 09, 2018

РЕК „Битола“ произведува струја само со еден блок зашто првиот е во ремонт, а вториот од синоќа е надвор од функција. Од ВМРО-ДПМНЕ денес обвинија дека блокот 2 испадна од мрежата, а од РЕК соопштија дека се работи за планско исклучување.

 

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција обвини дека еден од двата функционални блокови во РЕК Битола, цела ноќ, повеќе од 16 часа е надвор од употреба.

„Од синоќа функционален е само еден од двата блока. Блоковите се на граница на технички минимум, бидејќи и блокот кој сега  е во погон има технички проблеми, кои во секој момент може да доведат до испад. Во опасност е третиот блок кој што подолго време работи надвор од сите технички прописи“, рече Стоилковски.

Според пресматката на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, еден час неработа на еден блок во РЕК Битола ја чини државата 7600 евра, додека еден ден неработа дури 182.400 евра. Според нив, од синоќа до сега загубата од непроизведена електрична енергија е над  121 илјада евра.

Од ЕЛЕМ се огласија со соопштение во кое обвинувањата на опозицијата ги отфрлија како невистини и ја известуваат јавноста дека вториот блок на РЕК од синоќа е планирано надвор од функција. Во соопштението пишува дека станува збор за првенентивен зафат на една од циркулационите пумпи во блок 2. Зафатот се изведува во текот на викендот со оглед на тоа што во тие денови, потребите за електрична енергија се намалени.

„Минатата година во предвидените за ремонтни активности пролетни и летни месеци, не беше направен ремонт на блокот 2 на РЕК ‘Битола’, туку активностите беа оставени за есенските месеци и беа обврска на актуелното раководство на Државните електрани. Во моментов, капитални ремонтни активности се изведуваат на блок 1, по што ќе следуваат ремонти и на блок 2 и на блок 3“, пишува во соопштението.

Во однос на обвинувањата за загуби, од ЕЛЕМ објаснуваат дека продажбата на вишоци електрична енергија во изминатиот период во износ од 8,7 милиони евра од страна на АД ЕЛЕМ, може да доведе и до намалување на производна цена на електричната енергија.

При посетата на генералниот директор на ЕЛЕМ, Драги Миновски, пред две недели во РЕК беше најавено дека започнува капитален ремонт на првиот блок во РЕК, а во наредниот период ќе следат и ремонтни активности на останатите два блока. За ова АД ЕЛЕМ ќе инвестира 10 милиони евра. Тогаш беше кажано дека од претходното раководство на РЕК „Битола“ не беа завршени пранираните ремонтните активности на блоковите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани