АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН
8 јули1943
Во Битола е убиен Трајче МАГЛОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Роден е во селото Смилево на 4 мај 1923 г. Беше ученик во Битолската гимназија и уште тогаш стапи во напредното движење, односно беше меѓу најактивните членови на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ во нејзините антиокупаторски активности во Битола. Заради тоа повеќепати е апсен од бугарската фашистичка полиција, но секогаш храбро се држеше и не ги предаваше своите другари.
Во јуни 1943 година, штотуку излезен од затвор, на пат за селото Лавци беше фатен и уапсен од локалниот полјак Перо Василевски-Пачата, а при обидот да му побегне беше убиен.