АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанецот Александар Цуцуловски е избран за координатор на СДСМ за Пелагонискиот регион, соопштија од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Тој е еден од осумте новоизбрани регионални координатори на СДСМ во Македонија. Од СДСМ соопштија дека ова е нов начин на територијално делување на партијата, прилагоден на економските и административните развојни цели, застапувајќи ги планските региони подеднакво.
-СДСМ се обврза да работи за доброто на државата, да ги стави граѓаните во центарот на вниманието, градејќи ја Македонија како едно општество едно семејство, држава за сите. Во таа насока очекувам делување кое првенствено ќе ги има предвид потребите на граѓаните во сите осум плански региони на Македонија. Ја зголемуваме ефикасноста на нашето делување, територијално подеднакво и нашата мобилност, во интерес на граѓаните, но и членовите, поддржувачите и симпатизерите на СДСМ- порача генралниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.