2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Кражба на злато и вредни предмети од златарница во Битола, еден осомничен

Јули 08, 2022

 

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен битолчанец, осомничен дека сторил кривично дело – Тешка кражба

Постои основано сомнение дека на 29 јуни тој влегол во златарница на булеварот „1 Мај“ во Битола и започнал да разговара со сопственикот. Искористувајќи го моментот додека оштетениот бил наведнат позади пултот, осомничениот на дрзок начин одзел златен накит со вкупна тежина од околу 330 грама (златни прстени, ланци, обетки, стари пари) со проценета вредност од околу 16.500 евра, како и повеќе парчиња други вредни предмети во вредност од околу 15.000 евра. Потоа веднаш со трчање го напуштил објектот на златарницата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од значителна вредност.

Оценувајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани