2win800x200

СДСМ-Коњановски молчи дека има полоши резултати дури и од времето на гробарот на Битола Талески

Јули 14, 2022

Четири дена градоначалникот Тони Коњановски молчи во врска со нашите тврдења дека Општина Битола во првиот квартал од 2022 година потроши двојно повеќе отколку што оствари приход, стои во денешното соопштение на СДСМ Битола.

-Со молк на Коњановски и неговите пулени се потврдува нашата констатација – градоначалникот и Општина Битола манипулирале со бројките кога се фалеа дека првите месеци од годинава се најуспешни во последните четири години!

Напротив, првите три месеци од годинава се полоши дури и од времето на гробарот на Битола, Владимир Талески.

Лагата има кратки нозе. Затоа, апелираме до градоначлникот наместо да смислува интриги и манипулации за своето работење, да се однесува домаќински со парите на граѓаните бидејќи и според Министертството за локална самоуправа, Општина Битола во моментов е во долг од 2,3 милиони евра, иако со доаѓањето на функцијата Коњановски наследи полна општина каса!, велат од СДСМ Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани