2win800x200

Во ОУ „Коле Канински“ започна реконструкцијата на спортското игралиште со гумирана подлога

Јули 15, 2022

Спортското игралиште за ракомет и кошарка во ОУ „Коле Канински“ - Битола добива нов лик. Започна поставувањето на гумирана подлога на игралиштето. Освен тоа, игралиштето ќе биде заградено со огради. Како што вели директорот на училиштето, Зоран Мирчевски, со новата гумирана подлога учениците ќе бидат позаштитени. Овој проект е донација од државната видеолотарија на Македонија.

viber image 2022 07 15 09 06 35 416

-  Со ставањето на нова гумирана подлога, се подобрува квалитетот за игра и рекреација и ќе се овозможи поголема безбедност за заштита од несакани повреди. Освен тоа, просторот ќе биде ограден со жичена ограда - изјави директорот Мирчевски.

viber image 2022 07 15 09 06 35 806

По поставувањето на гумираната подлога, следува и менување на сегашната дограма на спортската сала со нова, пвц дограма. 

viber image 2022 07 15 09 50 13 423

Привршуваат и градежните активности околу првата реконструкција на фасадата на училиштето уште од неговата изградба во 1963 година. Како што вели директорот, фасадата треба да биде завршена со почетокот на новата учебна година.

viber image 2022 07 15 11 58 06 028

viber image 2022 07 15 11 58 05 834

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани